Дванаесет екипи преку четири квалификациски турнири ќе се борат за трофејот во второто издание на зимската баскет лига кое започнува денеска во организација на Кошаркарската федерација и „3×3 Macedonia“.
Првиот турнир ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје по почеток во 12 часот, а секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра за второпласираната екипа.
Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем од лани и изнесува 2.000 евра за шампионот, 1.000 евра за второпласираната екипа, како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.
OhridNews