Уривањето на осум децении старата зграда на библиотеката ќе започне денеска, најави локалната самоуправа. Владата минатата недела донесе одлука за уривање на библиотеката, а трошоците за реализација на проектот кој го изготви охридскиот Завод и Музеј ќе ги сноси општината.

Според проектот на просторот каде сега се наоѓа библиотеката ќе биде изграден нов плоштад кој како што е најавено ќе биде готов до почетокот на главната туристичка сезона. Новиот плоштад ќе биде поврзан со Горна порта со пешачка патека што ќе ја гради локалната самоуправа. Исто така овој простор ќе се користи и за разни културни манифестации, а ќе биде оплеменет со поставување неколку споменици за кој ќе биде распишан конкурс за идејни решенија.

Поради уривањето на библиотеката, најавената реконструкција на градскиот плоштад ќе биде одложена за мај, односно по завршувањето на Самитот на претседатели на земјите од централна Европа.

Нина Кепеска
Горан Момироски