Со свеченото отворање во 19 часот и натпревари во 20 и 21 часот ќе започне првото издание на турнирот во мал фудбал „Вевчани Куп 2015“.


Во првиот ден од турнирот кој ќе се игра во спортската сала „Владо Попески“ ќе се одиграат два натпревари и тоа Др-Баткоски – Медија Инжeнеринг (20ч) и АСП Пак – Враништа (21ч).

Наградниот фонд на турнирот изнесува 205 000 денари, а ќе се одржува повеќе од два месеци.

Награди :

I-во место – 100.000,00 денари = 85.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” ) ;

II-ро место – 60.000,00 денари = 45.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” );

III-то место – 45.000,00денари =30.000,00 денари + 15.000,00 денари (ваучер од Стоматолошки центар “Д-р Баткоски” ).

Ohridnews