Со натпреварувањето во Оберсдорф во вторник стартува традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“ која се бодува за Светскиот куп во скијачки скокови.


Рекордот на првата скокалница го држи норвежанецот Сигурд Петерсен постигнат во 2003-та година а изнесува 143.5 метри.

Втората скокалница традиционално се одржува на првиот ден од новата година во Гармиш Партенкирхен, Германија. Најдобар скок досега на оваа скокалница има запишано Грегор Шлирензауер во 2008-та година а истиот изнесува 141 метар.


Скијачките скокови во оваа турнеја потоа се селат во Австрија, поточно во Инсбрук, каде на 4-ти јануари се одржуваат третите скијачки скокови. Најдобар на оваа скокалница досега бил Адам Малиш од Полска во 2004-та година со скок од 136 метри.


И за крај, турнејата „Четири скокалници“ се заокружува во Бишофсховен, Австрија, на 6-ти јануари. Неприкосновен на оваа скокалница е јапонецот Даики Ито со 143 метри постигнати во 2005-та година.

Титулата на турнејата „Четири скокалници“ ја брани Волфган Лојцл од Австрија, на кого овој пат не му се даваат големи шанси за триумф. Тој минатата сезона забележа три победи, додека еднаш славеше Симон Аман.