Љубителите на седмата уметност, од денеска ќе имаат можност да уживаат во циклусот шпански филмови, кои ќе се прикажуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Ревијата ќе биде отворена во 18 часот со проекцијата на филмот „ Патувањето на Карол“ во режија на : Иманол Урибе. Истиот ден, на 20 ноември во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Седум маси за билијар“ од  2007 година од режисерот Гарсиа Куерехета.

На 21 ноември во 18 часот е предвидена проекцијата на филмот „Топка“ режија: Ахеро Мањас, а во 20 часот „ Хавана Блуз“ режија: Бенито Замбрано.

На 22 ноември ќе се прикажуваат филмовите „ Матахари“ во 17 часот, режија: Ишиар Бољан, во 19 часот „ Обаба“ режија: Мончо Армендариз и во 21:00 часот играниот филм „ Другите“ во режија на Алехандро Аменабар .

Влезот за проекциите е  слободен.

OhridNews