Во организација на Културолошката Иницијатива „5 до 12“, во Охрид денеска почнува третото алтернативно и културно-забавно лето.
Спој на традиционалното и урбаното, витраж од сите видови уметност, спортот, забавата и уживањето. И сето тоа, се случува на сите импозантни места во Охрид, опкружено со сите знаменитости и природни убавини. – велат од Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид.
Оваа година Алтернативното и културно-забавно лето во Охридќе понуди 10 настани на кои учество ќе земат млади креативци.
Алтернативната културна манифестација има за цел промоција на млади артисти и поттикнување на младите да почнат да се занимаваат со уметност и спорт.
OhridNews