Со натпреварите од 1-то коло, викендов, започнува новата сезона во ракометната Супер лига, во која по пауза од 7 години ќе се натпреварува РК Охрид.
На отворањето на првенството, охриѓани во салата „Билјанини извори“ се среќаваат со РК „Преспа“ од Ресен.
Средбата започнува во 19 часот.
Покрај домашните играчи, РК Охрид за суперлигашката конкуренција се засили со петмина ракометари, со кои клубот очекува да биде конкутрентен во елитното ракометно друштво.
OhridNews