Судскиот процес против струшките бизнисмени, браќата Димитар и Георги Миладинов и против уште 13 други обвинети, ќе го води судијата Ѓоко Ристов, кој го презеде случајот од судијката Лидија Неделкова која неодамна беше избрана за претседателка на Основниот суд Скопје 1.
Според обвинението, Ѓорѓи и Димитар Миладинови, заедно со другите осомничени, во периодот од 2002 до 2008 година преку разни малверзации во врска со хотелот „Изгрев“ се стекнале со противправна имотна корист од околу шест милиони евра. Тие се товарат дека ја оштетиле германската ЛХБ банка за 5,2 милиони евра и Тутунска банка за околу еден милион евра.
Меѓу обвинетите нема ниту едно лице од Македонската православна црква која беше партнер со Миладинови во заедничка фирма. МПЦ го купи „Изгрев“ два пати, еднаш на берза за 700.000 евра, втор пат на лицитација за двојно поголема сума. Црквата преку нејзиниот претставник во заедничката фирма одобри Миладинови да бараат кредит.
Струшките бизнисмени Миладинови беа уапсени во декември лани од кога се во притвор.