Истражната постапка во која беа извршени две вештачења на возилото траеше речиси една година. Вештачењата на хрватските и македонските експерти единствено се разликуваа околу брзината со која се движел„туарегот“ во кобниот момент. Според хрватските вешатаци тоа се движело со 170 километри на час, додека според македонските, дваесет помалку. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.
Семејството на Тоше Проески, по несреќата се откажа од судско гонење на Ѓрѓевски, но процес против него по службена должност отвори јавното обвинителство.
Макдонската музичка ѕвезда, Тоше Проески, загина на 16 октомври 2007 година на автопатот Белград-Загреб, кај Нова Градишка – Хрватска.