На два пункта во центарот на Охрид денеска ќе отпочне собирањето потписи за поддршка на иницијативата на Здружението на граѓани „5-ти Септември“ за утврдување на вистината за потонувањето на бродот „Илинден“.

Петицијата ќе се потпишува на главниот плоштад и плоштадот кај стариот чинар, а според најавите волонтери на здружението ќе ги посетат и домовите на охриѓани со цел да им ја објаснат целта на иницијативата.

Здружението на граѓани „5-ти Септември“ беше формирано на иницијатива на посадите на бродови и граѓани на Охрид, кои бараат истрагата за потонувањето на бродот „Илинден“ да се спроведе објективно, без политички притисоци и без влијание на настаните кои во изминатиот период ги обременуваат односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро на 5-ти септември во 10.37 минути, при што се удавија петнаесет бугарски туристи.

Ohridnews