Во Берлин почнува снимањето на новиот филм на Џорџ Клуни “Monuments Men”.  Освен Клуни во филмот играат и Мет Дејмон, Бил Мареј, Кејт Бланшет, Боб Балабан, Хју Бонвил и Џон Гудман. Сценариото за овој акционен трилер, по книгата на Роберт М. Едсел, го напишале Џорџ Клуни и Грант Хеслој, кои заедно го потпишуваат и Оскаровецот Арго.

Базиран на вистинска приказна за наголемата потрага по богатство во историјата, филмот го следи необичен вод во Втората светска војна, кој добил задача од нацистите крадци да ги спаси уметничките дела и да ги врати на оригиналните сопственици. Пред нив е невозможна мисија, делата на непријателско тло, а германската војска има задача да ги фати, се додека Рајхот се распаѓа. Филмот ќе се снима во Германија и Велика Британија до крајот на јуни.