Филмот „Борба за смрт“, кој ќе почне да се снима утре , 1-ви август во мариовското село Кален, е краткометражен филм, работен според сценарио и режија на Елеонора Венинова, а во продукција на „ДНФ филмс“.

Во филмот играат Мите Грозданов и Илија Струмениковски, продуцент е Гоце Кралевски, директор на фотографија е Димо Попов.

Сценариото за филмот учестуваше на неколку работилници  за развој на кратки филмови во Литванија, Романија и во Грција. Минатата година освои и награда за најдобро сценарио на „Драма пичинг лаб“, работилница која се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал за краток филм во Драма, Грција.

„Борба за смрт“ го финансира Агенција за филм на Република Македонија, а поддржан е и од телевизја „Канал 5“.

 

Ohridnews