Со премиерното прикажување на филмот “На убавиот син Дунав”, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнува ревијата на српски играни филмови. На премиерата најавено е присуство на  режисерот Дарко Бајиќ и актерската екипа која настапува во филмот „На убавиот син Дунав”.

Ревијата на српски играни филмови, ја организира  Српско-македонското друштво „Коштана“. До 28 март во Центарот за култура во терминот од 18 и 20 часот љубителите на филмот ќе имаат можност да проследат 6 филмови од српската продукција.

Паралелно со филмската ревија во галеријата на Центарот за култура ќе се одржи изложба на уметнички дела на Миро Масин и локални уметници.

OHRIDNEWS