Започнува реконструкцијата на градскиот базен „Атина Бојаџи“. Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на градскиот базен, информираат од Општина Охрид.

Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатака следува премачквање со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење, додаваат во соопштението.

Просторот, се вели во соопштението, околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и чадори.

И во наредниот период продолжуваме со инвестиции во спортската инфраструктура во СРЦ „Билјанини извори“, додаваат од Општина Охрид.

OhridNews