Во пресрет на стартот на натпреварите од третата лига југозапад, денес во Битола се одржа редовниот судиски семинар.  На семинарот предавач беше комесарот за делгирање на судии во првата и втората фудбалска лига Ангел Бунгуров.

Преку експлицитни примери, Бунгуров на “регионските“ судии им ги пренесе новите измени во фудбалската игра.

Поголемата заштита на фудбалерите пред се од т.н. “грубијани“, како и ригорозните казни  за народското “лактање“, се најновите измени во правилата.

Во првото коло лидерите на табелата Преспа, односно Новаци ги чекаат тешки гостувања во Дебар кај Кораб, односно Крушево кај Питу Гули.