Автор на текстот е Семјуел Бекет, еден од најзначајните автори на минатиот век, претставник на театарскиот авангардизам и тоталниот анти-театар (т.н. театар на апсурдот), во чие целокупно творештво е доминантна една основна тема: празнина, распаѓање, пропаст на доцнограѓанското општество и дехуманизирачката слика за човекот. Текстот Среќни денови, кој инаку се смета за најдобриот драмски текст на XX век, зборува за инвалидноста како парадигма на современото човештво и време во кое живееме.
Инвалидност: или како да се нарече времето во кое живееме.
Вини и Вили живеат живот врзани за феноменот на ова време – неможност на движењето, а парадоксално во време на снажни комуникации.
Наместо вкопаност в земја Вини вегетира во инвалидска количка-снажен симбол на поствоените (а и транзициски) траења. И хемиплегијата на Вили дојде од оваа логика на нештата.
Значи: врзаност, неможност за движење во време на сеопшта подвижност !?! Бекет пак ни ја покажува сета апсурдност на животот; воопшто…
„Овој генијален писател предизвик е и вон столетието во кое живеел и творел, затоа што животот го чувствувал од неговата најтрагична страна: инвалидноста како метафора на животот… Бекетовите ликови се повеќе луѓе-кловнови: тие се слепи, неми, сакати и ним, како на некогашни луѓе им преостанал само говорот со кој испрекинато ја соопштуваат својата безнадежна ситуаиција“, вели Градимир Гојер, режисер на претставата.
„Среќни денови“ – драма во два чина
Режија: Градимир Гојер
Сценографија: Драган Анѓелковиќ
Костимографија: Марија Пупучевска
Избор на музика и тонски ефекти: Градимир Гојер
Креатор на аудио-визуелната слика на претставата: Стрезо Стаматовски
Графички листови: Драган Анѓелковиќ
Инспициент: Стрезо Стаматовски
Водител на видео проекции: Билјана Билаловиќ
Техничка асистенција: Предраг Јовановиќ
Извршни продуценти на претставата: Горан Стојаноски и Благоја Стефановски
Улоги:
Вини: Јасмина Билаловиќ
Вили: Горан Стојаноски
Претставата трае 1 час и 20 минути.