Околу 2000 хористи од 18 земји од Европа, Азија и Африка, ќе земат учество на првиот хорски фестивал што денеска започнува во Охрид.

Организатор на фестивалот е хорот при охридската Гимназија кој како победник на минатогодишниот хорски фестивал што се одржа во Холандија се стекна со правото да биде домаќин на оваа уникатна и атрактивна музичка манифестација. Фестивалот е потпомогнат од локалната самоуправа.

ohridnews