Викендов, започнуваат натпреварите во пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига југозапад.

Лидерот на табелата и есенскиот шампион Охрид возбудувањата во третолигашкото друштво ќе ги стартува на домашен терен со второпласираната Велешта. Натпреварот се игра в недела во 14 часот и 30 минути.

Екипата на Сатеска гостува кај тимот на Црно Буки, додека Лакочереј пред своите гледачи ќе ги одмери силите со Лирија од Грнчари.

Двојки: Новаци – Кравари, Црно Буки – Сатеска, Караорман – Октиси, Преспа – Лирија Заграчани, Охрид – Велешта, Лакочереј – Лирија Грнчари, Фљамуртари – Влазними

Табела: Охрид 37, Велешта 22, Лирија Грнчари 22, Влазними 21, Црно Буки 21, Преспа 18, Караорман 20, Кравари 19, Лирија Заграчани 18, Сатеска 17, Октиси 15, Лакочереј 13, Новаци 12, Фљамуртари 8.

OhridNews