На 25 март во Корча ќе започне реализацијата на проектот Зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридскиот Регион.

Работите добиваат видливост и нашата цел  со овој Проект кој еве започнува,  е со подрршка на УНЕСКО да ја зајакнеме заштитата на наследството во охридскиот регион и со тоа и самото езеро , и на тоа да се додаде и албанската страна под истиот режим на таа заштита. Фокусот е да обезбедиме интегралност на заштитата, инвентаризација на културното и природното наследство во регионот и негова туристичка валоризација, вели Дејан Пановски, македонскиот претставник во Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро кој ја подржуваше иницијативата уште од самиот почеток.

На првата работилница во Корча ќе учествуваат претставници од локалните самоуправи , министерствата за животна средина и култура од двете земји, како и претставници од УНЕСКО.

OhridNews