Со изградбата на првото од 50-те нови фудбалски игралишта во Прилеп под името „Крал Марко“,  ќе започне проектот на Владата за изградба на 100 спортски објекти најави Агенцијата за млади и спорт. Секое од фудбалските игралишта ќе чини 154.000 евра, а за изградбата на сите 50 Владата веќе ги обезбедила потребните 7 милиони и 700 илјади евра.

– Го избравме Прилеп за почеток, симболично, зашто Победа е шампион ,владата откако ќе ги изгради игралишта нема да ги дава под концесија, туку бесплатно ќе ги доделува на општините за развој на најпопуларниот спорт, фудбалот“-  рече Ивица Георгиевски, директор на Агенција за млади и спорт.

Најавено е  дека терените ќе имаат холандска трева, монтажни трибини од 500 до 1.000 седишта, соблекувални за нормално одвивање на активностите на корисниците, ќе бидат готови за период од година и пол, додека неколкуте први игралишта ќе бидат пуштени во употреба до крајот на месец февруари годинава. Градители на 50 фудбалски терени ќе бидат две фирми и тоа: хрватската „Конструктор“ и македонската „Македонија инвест“.

За време на одржувањето на Илинденската регата чиј покровител беше и Агенцијата за млади и спорт директорот Ивица Георгиевски напомена дека во Охрид ќе бидат изградени два такви терени и тоа едното кај СРЦ Билјанини Извори, а додека другото ќе биде во село Лескоец.Покрај изградбата на терените во Охрид највена е и изградба на Олимписки базен во 2008 година .


       [email protected]