Билетите за новата стендап „Револуција“ на Никола Тодороски по популарна цена од 150 денари во продажба ќе се најдат денеска попладне на касата при центарот за култура „Григор Прличев“.
Петттото продолжение на стендап револуцијата на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски, ќе се случи на 30-ти април (четврток) во центарот за култура „Григор Прличев“. Како вовед во продолжениот првомајски викенд Никола на публиката ќе и понуди повеќе од еден час уживање исполнето со креативен хумор и нов материјал кој ексклузивно и премиерно ќе биде изведен во оваа пригода.
Проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој тој си го постави со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега.
OhridNews