Примената на новите, поостри казнени мерки за загадувачите на животнта средина, предвидени согласно Законот за управување со отпад, треба да придонесе за подигнување на свеста на граѓаните во врска со отпадот. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање ја отвори кампањата за чисти улици, која е дел од напоприте за промена на односот на граѓаните кон проблемот со загадување на животната средина.

 Зајакнати се овластувањата на службените лица пришто државните инспектори за животна средина , комуналните инспектори , општинските инспектори за животна средина а и службени лица на полицијата се овластени за надзор и покренување пријави па и за изрекување на глоба на лице место, вели државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски. Очигледно е дека јавната и индивидуална свест по ова шрашање бавно се подига, и оттаму  примената на строги казнените мерки е еден од последните механизми за обезбедување на чисто и здраво живеење, смета Паноски.

Законот предвидува казни за физички лица: од 30 евра за фрлање отпад во урбани средини (храна ,пластика , опушоци), 50 евра за фрлање отпад во природа и патишта , 70 евра за исфрлање масла и шут во природата , 100 евра доколку отпадот е грлен покрај езера , реки и други водни тела , 150 евра доколку отпадот се гори во урбана средина , 200 евра доколку отпад се гори во природа.

Охрид и околкината се посебно сензитивни на било каков вид на загадување, вели Паноски. Според него покрај свеста клучен фактор е и институционалната поставеност. Сметам дека подобри резултати ќе се добијат кога ќе се воведе конкурентност и компетитивноста во комуналните услуги, вели Паноски. Градот е подложен на зголемено загадување од бучавост поради што ќе биде засилен инспекцискиот надзор и во овој домен, најави Паноски.

ohridnews