Пријавувањето за субвенционирање на пролетни житни, индустриски и фуражни култури, градинарско и оранжериско производство, нови лозови и овошни насади, како и површини под лозови насади за земјоделците започува в понеделник 16 март, информираше Министерството за земјоделство.
Министерството соопшти дека краен рок за поднесување на барањата за субвенции е 31 мај.