Државниот завод за статистика денеска го започнува пописот во трговските и угостителските објекти што ќе трае до 15 ноември.

Во Регионалното одделение на заводот во Охрид кое ги покрива и градовите Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод се вклучени и 22 надворешни лица кои на почетокот од седмицава посетуваа обука.

Раководителката на одделението во Охрид, Мирјана Јовческа апелира до сопствениците на објектите да соработуваат со попишувачите и најавува дека добиените податоци нема да бидат објавувани индивидуално, туку ќе бидат строго заштитени и ќе се користат во научно – истражувачки цели.

Пописот се прави во рамките на програмата на  Државниот завод за статистика 2008-2012. Последниот попис во трговијата и угостителството во Република Македонија е направен во 2003 година.

А. Р.