Со натпреварите Фени Индустри – Торус и Работнички – Мзт Скопје вечерва започнуваат возбудувањата во разигрувањето за титулата во кошаркарскиот шампионат.


Во полуфиналната серија на плеј – офот бранител на трофејот Фени Индустри ќе стартува со почетна предност од (1-0), во дуелите против скопските “градежници“. 

Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Поради скорот од 2-2 во регуларниот дел во плеј – офот ќе стартуваат “од нула“.

Ohridnews