Тим на специјализираната компанија „Дубина“ од Сплит Хрватска денеска ќе започне со инсталирање на опремата за извлекување на бродот „Илинден“ од водите на Охридското Езеро.

Операцијата ќе започне со испитување на теренот и на потонатиот брод. Со ултра звук најпрвин ќе биде извршено снимање на лимот на потонатиот брод  кој се наоѓа на длабочина од околу шест метри. Експертите посочуваат дека се работи за сложена операција која ќе се одвива во неколку фази, а извлекувањето на бродот најверојатно ќе се случи во четврток или петок. Целокупната акција ќе ја следат истражни судии од Македонија и Бугарија.

Бродот Илинден на 5-ти септември потона во близина на кампот Елешец при што животот го загубија петнаесет бугарски туристи.

Ohridnews