ВД Селекторот на машката сениорска репрезентација Илија Темелковски го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за јануарските квалификации за бараж за Сениорското машко првенство кое ке се игра во  Хрватска 2009 г.

Нашата репрезентација е во 6 –та група со селекциите на Бугарија и Португалија, а само најдобрата репрезентација ке обезебеди место во Плеј – Офф натпреварите кои се играат на 07/08. Јуни и 14/15.Јуни 2008 год.

Според распоредот на натпреварите, првиот меч нашите сениори ќе го играат во Варна против Бугарија на 9 јануари. Потоа следуваат две средби на кои Македонија ке биде домакин.Прво против Бугарија на 12 јануари , а потоа против Португалија на 17 јануари .Двата натпревари најдобрите репрезентивци како домакини ке ги играат во Скопје .
Одлучувачкиот натпревар,реваншот со Португалија ќе биде одигран на 19 јануари во Португалија.

Претходно своите средби ќе ги одиграат Бугарите и Португалците, така што ќе се знае веќе резултатот од овој двобој.

Првата прозива е на 26 Јануари а на списокот има 20 ракометари меѓу само четворица интернационалци.

ГОЛМАНИ
Борко Ристовски (Металург) ,Никола Митревски (Вардар Про) , Златко Даскаловски (Вардар Про)

КРИЛА
Гоце Макалоски (Металург) , Стевче Алушевски (Вардар Про) ,Владо Недановски (Вардар Про)
Владимир Темелков (Вилштат, Гер) ,Александар Јовиќ (Вардар Про) ,Златко Мојсовски (Вардар Про)

БЕКОВИ
Бранислав Ангеловски (Тулуз, Фра) ,Мите Караиванов (Младост) ,Филип Лазаров (Металург)
Иван Телепњев (Металург) , Наум Мојсовски (Сиудад де Логроњо, Шпа) ,Филип Миркуловски (Металург)
Велко Марковски (Вардар Про) ,Кире Лазаров (Кроациа Ос., Хрв) ,Мите Стоилов (Металург)

ПИКЕРИ
Ванчо Димовски (Металург) , Горан Ѓоргоноски (Металург)