Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма Цхилдрен’с Сторѕ Хоур – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.
Волонтерите предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот Мировен корпус, во периодот од септември до декември 2015 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќе го надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.
Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-16 часот, најдоцна до 18-ти септември 2015 година. За подетални информации на телефон 046 262 706 или на е-маил [email protected]
OhridNews