Започнува новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која повеќе од 20 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.С. Македонија.
Секоја година околу 30 младинци на возраст од 14 – 18 години добиваат обука и се оспособуваат за работа на терен, односно како да ги истражат потребите на заедницата, како да дојдат до целната група и како да им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна, притоа правејќи мали проекти, но од огромно значење за заедницата, велат од Црвен крст.
Упатуваат покана до сите млади сограѓани да бидат дел од тимот на ПХВ младинците и ја искористат можноста за надградба на своите вештини и знаења, истакнување на хуманоста и емпатијата, практикување на толеранцијата и солидарноста.
Инаку, ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) е национална програма која се реализира во сите Општински организации на Црвен крст целата држава.
OhridNews