Со претставата „Аналфабет“ која ќе биде изведена во Центарот за култура во сабота, 23-ти септември, започнува новата сезона на Народниот театар Охрид.

„Аналфабет“ е комедија работена според дело на Бранислав Нушиќ, а во режија  на Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василески.

Почеток 20.00 часот. 

Влез 150 денари.

Претставата не е за лица помлади од 14 години.

Во претставата се користат пиротехнички средства.

OhridNews