Почетокот на новата академска година традиционално ќе биде означен со свечен час, на кој покрај раководството на ФТУ Охрид, поканети се да присуствуваат и претставници на Универзитетот во Битола, како и директорот на македонската царина Ванчо Каргов.
Интересот за запишување на оваа угледна високо образовна институција и оваа година беше особено голем за насоките Туризам и Царина и шпедиција, но исто така и за студиските насоки Хотелско-ресторанска, Осигурување и Гастрономија. За прв пат од оваа година воведена и насоката Гастрономија, исхрана и диететика.