Утре е крајниот рок  до кога младите можат да се пријавуваат за  да го посетат курсот за спасители на вода што го организира Црвениот крст од Охрид. Според пропозициите, кандидатите треба да се на возраст од 17 до 27 години и да имаат завршено најмалку средно образование.

Бесплатниот курс ќе се одржи од 25 до 31 август, а ќе го води меѓународен инструктор за безбедност на вода.
Црвениот крст е единствената лиценцирана организација што одржува обуки за спасители на вода според меѓународни стандарди.

                        А. Ристоска