Најголемата и најстара лотарија на светот почна во Мадрид, а вкупниот фонд на добивки кои ќе ги поделат среќните шпанци изнесува повеќе од 2,2 милијарди евра. Главната добивка, позната и како Ел Гордо, изнесува 4 милиони евра, а доделен е веќе 160 пати во историјата.
Таа лотарија е стара повеќе од 200 години и традиционално се одржува во периодот на Божиќните празници. Извлекувањето на добитните броеви трае три часа и се пренесува директно на телевизија, а вкупно се дели на сторина помали добивки. Од почетокот на светската криза, вкупниот уплатен износ на лотаријата се намалил. Шпанците на божиќната лотарија оваа година потрошиле просечно околу 50 евра по жител, што е сепак за 15 проценти помалку во однос на 2008 година.