Охридска банка започнува Охридска банка АД Скопје го проширува своето портфолио на производи со воведување на новата кредитна картичка од брендот Visa, наречена Визарата. Со воведувањето на картичката, Банката ја почнува и новата наградна игра „Визарата може сè“. Наградната игра е наменета за сите клиенти кои ќе аплицираат за Визарата во следниот период.
Па така, во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година додека трае наградната игра, основниот услов за учество во неа е клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата дава можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда.
Клиентите кои ќе ги исполнат условите стануваат потенцијален добитник за хибридно возило Suzuki Swift, или пак на еден од десетте тротинети од брендот Mi. Во оваа наградна игра можат да учествуваат сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, кои се корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Visa, а кои ќе аплицираат и ќе ја извадат новата Визарата кредитна картичка, како и сите оние кои во моментот немаат Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка, а ќе аплицираат и ќе ја извадат новата кредитна картичка Визарата.
Валидни трансакции кои се земаат во предвид за исполнување на условите од наградната игра се трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку Интернет, на територијата на Република Северна Македонија.
Во наградната игра не учествуваат вработените од Банката и нивните најблиски семејства како и корисниците на картички кои на денот на извлекување на наградата имаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Банката кои произлегуваат од користењето на кредитни картички и кои имаат нефункционален долг (долг кој е достасан, а неподмирен повеќе од 90 дена). Извлекувањето на добитниците ќе биде изршено по завршување на наградната игра, во просториите на Банката на ул. Орце Николов бр. 54, во присуство на претставници од Банката и нотар. Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб страницата на Банката.
Аплицирањето за Визарата може да се направи електронски, преку веб страницата на Банката, или пак во било која експозитура на Охридска банка.наградна игра Визарата може сè.
OhridNews