Операторите во фиксната и мобилната телефонија во Македонија од денеска ќе почнат со  комерцијално нудење на услугата преносливост на броеви, најави Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Со стартот на таа услуга граѓаните ќе имаат можност за слободен избор на оператор од фиксната и од мобилната телефонија без да го променат префиксот и телефонскиот број.

Денеска  секој оператор на својата веб-страница ќе ја објави цената на услугата за пренесување на бројот. Услугата преносливост на броеви му овозможува на одреден корисник на мобилна телефонија или на фиксна да се префрли на друга мрежа и притоа ќе може да си го задржи постоечкиот број, без разлика дали тој почнува со 070/071, 075/076 или 077/078.

Ohridnews