Со одржувањето на Меѓународната Илинденска едриличарска регата започнува месецот на вода во Охрид. Околу седумдесетина едриличари од земји од нашето опкружување ќе учествуваат на 43. издание на до 2 Август ќе се одржува во водите на Охридското езеро.


– На овие 43 изданија на регатата зедоа учество стотици едриличари. Ова од секогаш преставувало спортски едриличарски настан на Охридкото езеро. Традиција мора да ја одржиме – вели Љупчо Поп Стефанија.

На 2 август, ќе се плива малиот маратон, Илинденскиот куп и тоа на патеката од Горица до градското пристаниште. Организаторите ПК Охридски Бранови очекуваат да се повтори ланскиот маратон кога учествувва седумдесетина пливачи од клубови од Македонија. Победници на ланскиот Илиндески куп беа Блажевски во машка и Симонова во женска конкуренција.


Ден пред големиот празник СВ Климент Охридски, на 8 август во водите на Охридското езеро ќе се одржи меѓународната веслачка регата, додека на 14 кајкарите ќе ги одмерат силите на меѓународната кајак-кану регата.

-Очекуваме околу десетина екипажи да учествуваат кајкарската регата, која ќе се одржи на патеката од каналот Студенчишта до градскотот пристаниште. Посакуваме охридските кајакари да се закитат со некој медал – вели Радован Попоски од ККК Стрмец.

Месецот на вода ќе биде заокружен со најголемата спортска манифестација во земјава, јубилејното 25 издание на Охридскиот Пливачки маратон, кој на 14 август ќе се плива на 30 километарската патека “Климе Савин“.

М.П.