Со мечевите од првата рунда во групната фаза денеска ќе започне третото издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески 2017“.

Турнирот ќе го отвори минатогодишниот победник Бел Мерцедес, а на програмата има уште три натпревари. На турнирот учествуваат најдобрите екипи од Охрид и од регионов, што го прави еден од најдобрите во нашата земја.

Наградата за првото место е 150 000 денари.

Двојки:

20ч: Бел Мерцедес – Викса Пром

21ч: Александар Фудбал – Бел Мерцедес

22ч: Златни Зраци – Компани Филипоски

23ч: АСП Пак – Мешеишта

OhridNews