Меѓународниот туристички саем „Скопје травел маркет“ чиј домаќин е градот Охрид, започнува утре во Скопје.
Во просториите на Скопски саем, општина Охрид, во соработка со кластерот ЕДЕН, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Стопанската комора за туризам, пред посетителите ќе промовира пакет аранжмани за рурална и староградска традиција кои се дел од проектот „Истражија скриената традиција на Лихнид и белото езеро“. Свое обраќање пред учесниците и гостите на саемот ќе има и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Во рамки на саемот, во петок, ќе се одржи Регионална конференција за туризам и интернационална работилница за локален економски развој базиран на класетери, на која ќе учествуваат повеќе говорници од земјава и странство.
За заинтересираните туристички работници кои сакаат да присуствуваат на конференцијата за туризам, обезбеден е бесплатен превоз. Поаѓањето е во петок на 8-ми мај 2015 година во 7 часот на Булеварот „Туристичка“ пред „Скалестата“ зграда.
OhridNews