На улицата „ Гоце Делчев “ ќе се забрани запирање и паркирање на секаков вид возила, како и на улицата „Македонски Просветители“-од десната страна гледано во насока кон езерото, како и на „Димитар Влахов“-од пресекот со улицата „ Мите Богоески“па до крајот, од десната страна, гледано во насока кон улицата „Македонски Просветители“.
Летниот режим на сообраќај ќе се применува од 1 јули до 31 август.