Лекарите по општа пракса во Маларична имаат рок до 1 јануари 2007 да ги подигнат решенијата за концесионирање на ординациите во кои работат, во спротивно Фондот за здравство нема да исплаѓа средства за услугите што ќе ги вршат.
Ова е ставот на раководството на Здравствен дом кое соопшти дека решенијата за концесионирање пристигнале пред една недела и дека дел од докторите истите не сакаат да ги подигнат. Докторите се жалат дека ги немаат потребните услови за обавување на дејноста во старата зграда која секојдневно се распаѓа и дека во тек е судски процес против решенијата за концесионирање кој треба да се сочека да заврши.
Раководството на Здравствен дом кое издаде забрана за разговор со медиумите на вработените во Маларачна со став дека издавањето на ординациите во подзакуп нема врска со судскиот процес туку е дел од реформите во здравството кои мора да се спроведат, и најави дека наскоро просториите во Маларична ќе бидат адаптирани за да ги задоволат потребите на лекарите о истанатиот персонал.