Под насловот „Вевчански видувања“ денeска во Вевчани започнува Mеѓународната ликовна колонија на која учество ќе земат голем број врвни уметници од регионот. Според организаторите уметниците во рамики на колонијата ќе создаваат уметнички дела инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори. Целта на оваа колонија е поголемо меѓусебно запознавање и зближување на уметниците.

Годинава на колонијата ќе учествуваат Глигор Чемерски, Петар Попчев, Павле Кузмановски, Решат Амети, Невзат Бејтули, Емил Шулајковски, Томе Мишев, Илија Спасовски – Чендо, Никола Иванов – Балтон, Билгаи Кочишта – Биге и Илија Кафкалевски од нашата земја, Анастас Константину – Тасо од Албанија, Живка Маринова од Бугарија и Олга Николаевна Матвеева од Русија.

Колонијатa која ќе трае до 8-ми јули, е во организација на Фондацијата за стратегиски истражувања „Киро Глигоров“ и Асоцијацијата за култура ИКОН.

OhridNews