Почеток на развој на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година, беше означен во Општина Дебрца каде претставниците на SEG Holding пред градоначалникот на општината ја презентираа методологијата на изработка на мета-планот за развој на целата општина.
Положбата на Општина Дебрца дава голема можност за туристичко-рекреативни активности, притоа, водејќи сметка за зачувување на природата. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината, информираат од Општина Дебрца.
Изработката на интегрираниот локален развоен план за оОпштина Дебрца е прв стратешки документ кој се базира на инклузивен – партиципативен пристап на локалната лидерска група и трите носечки столба на локалниот економски развој: приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.
Четири годишната визија за развој на Општина Дебрца се формира преку метод на анализа за конкретните проблеми, потреби и можности кај релевантните општествени чинители во општината. Така, преку прибирање на информации со методологија се формира база на потенцијални проекти од кои се формираат мерки и приоритети кои се групираат во стратешки цели чија реализација ќе претставува остварување на визијата за изгледот на Општина Дебрца по истекот на 4 години. Примарната цел на овој стратешки документ е разложување на визијата за просперитетна и економски силна општина на ниво на проекти, со што би се имал сеопфатен документ за презентација и промоција пред инвеститорите, потенцираат од Општина Дебрца.
Исто така, велат, овој документ ќе послужи како база на проекти со кои би се аплицирало за грантови и донации пред домашни и странски институции и фондации.
Оваа намена на интегрираниот локален развоен план е посебно важна за руралните и релативно финансиски слаби општини како Општина Дебрца, кои повеќе од 90% од своите проекти ги реализираат преку грантови од надворешни донатори, додаваат од Општина Дебрца.
Активноста се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
OhridNews