-Градежните работи можат да почнат, а динамиката и крајниот рок ќе зависат од повеќе фактори, ни изјавија тие во кусиот разговор.
Започнува изградбата на новото крило на општинската зграда
Општината Охрид за изградбата на новото крило ја известила Управата за јавни приходи која треба во најкус можен рок да ги исели своите канцеларии кои се наоѓаат во приземјето од североисточната страна на старата зграда. Принудени времено да се иселат ќе бидат и службениците од општинската администрација чии канцеларии исто така се наоѓаат на страната каде ќе се одвиваат градежните работи. Со изградбата на новото крило општината треба да го реши проблемот со недостаток на простор за своите вработени и институции.