Камен темелникот на Музејот на вода кај локалитетот Градиште, ќе биде поставен денеска. На свеченоста со која официјално ќе започне реконструкцијата на наколната населба од бронзеното време , ќе присуствува премиерот Никола Груевски.
Според најавите наколната населба ќе биде реконструирана автентично на остатоците од праисториската населба во подводниот археолошки локалитет „Миќов град“. Целокупните работи треба да завршат до крајот на годината. Покрај екстериерот ќе се реконструира и ентериерот, а во дрвените куќички што ќе бидат изградени над вода ќе бидат изложени сите предмети пронајдени за време на 8-годишните археолошки истражувања на подводниот локалитет.
ohridnews