Зголемување на претприемачкиот дух на младите во Македонија и регионот е целта на Интернационалниот камп за претприемачи StartQube кој од денеска до 6-ти септември ќе се одржува во селото Велестово во Охрид. Организаторите објаснуваат дека кампот е насочен е кон младите луѓе од сите области, кои се ентузијасти за да започнат свој бизнис или да развиваат некаков продукт.
-Целта ни е да ги доближиме практичните и тешко стекнати искуства на менторите, луѓе кои ги направиле правилните одлуки, до оние кои можат да имаат реална корист од нивните искуства, луѓето кои допрва ги формираат нивните идеи и почнуваат да работат на нив, велат организаторите на настанот, кои воедно веќе три години по ред во Охрид го организираат добро познатиот програмерски маратон Codefest.
Низ практични работилници учесниците ќе можат „од прва рака“ да го согледаат процесот низ кој поминува една стартап компанија.
-Бројни истакнати имиња од претприемачкиот и стартап светот, не само од регионот туку и од цела Европа, доаѓаат како ментори на StartQube, а меѓу нив се вбројуваат истакнати инвеститори и акцелератори, успешни основачи на високо буџетни компании и многу повеќе. Доаѓа и веќе најавениот ексклузивен ментор Мајк Бачер, уредник во TechCrunch, и еден од највлијателните луѓе на технолошката стартап сцена во Европа, најавуваат оргабизаторите.
Повеќе информации за овој камп може да се добијат на facebook страницата https://www.facebook.com/pages/Codefest/926573710705257.
OhridNews