Вакцинацијата против новиот грип за ризичните групи граѓани започнува денеска.  Според најавите ќе можат да се вакцинираат  хронично болните, бремените жени над 4-от месец во бременост и децата над 6 месеци. Меѓу граѓаните кои денеска ќе се вакцинираат ќе биде и министарот за здравство Бујар Османи.

Вакцинирањето се спроведува на доброволна основа, а граѓаните кои не спаѓаат во ризичните групи доколку сакаат да примат вакцина против свинскиот грип, ќе можат да се вакцинираат по 2 недели, откако ќе заврши имунизацијата на најчувствителното население.

Ohridnews