Од денес, Охрид е домаќин на, четвртото по ред издание, на Меѓународниот фолклорен фестивал “ Разиграно оро 2010”. Ќе учествуваат претставници од Македонија, Русија, Полска, Србија, Хрватска, Бугарија , Албанија, Грција  и Босна и Херцеговина.  

– Доколку се земе во предвид дека на фестивалот учествуваат над 1. 300 учесниции од 35 ансамбли, може да се каже дека станува збор за најголем собир на фолклорни ансамбли” , потенцираат организаторите.

“ Фестивалот е одлично организиран и ќе доаѓаме секоја година. Се зголемува и нашата инспирација за понатамошната работа. Имаме можност да видиме како работаат ансамблите од останатите земји, а при тоа низ игра и песна го претставуваме народот и државата од која доаѓаме”, вели Милентие Гициќ- Претседател на Фолклорниот ансамбл “ Колонија” од Крагуевац, Србија.


“ Дружењето е многу важно. Често пати во изминатиот период се случуваше политиката да не оддалечи, но на овој начин ние повторно се зближуваме”, нагласуваат учесниците од КУД “ Црвена стијена” од Подгорица, Црна гора.


“ Фестивалот Разиграно оро е вистинска можност да го претставиме нашиот фолклор, кој има свои карактеристики  и обележја” , додава Макгоржата Слодичка од Фолклорното друштво “ Збојничек” од Полска.

Свеченото отварање на Фестивалот ќе започне на Градскиот плоштад во 20 часот. Прв ќе настапи ансамблот- домаќин,  КУД “ Филиграни”. Во блокови според возраста на учесниците, ќе следуваат настапите на фолклорните друштва од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Русија.



Новина на овогодинешниот фестивал “ Разиграно оро 2010” е трибината која ќе се одржи во рамки  на фестивалските активности, на тема “ Различни фолклорни вредности- пат за зближување на културите” . Предвидена е и ревија на народни носии.

На фестивалот ќе учествуваат и Македонци кои живеат во соседните земји, меѓу кои: Друштвото за македонско- хрватско пријателство “ Браќа Миладиновци” од Осијек, “ Илинден” од Тирана, “ Тоше Проески” од Панчево и Културно- уметничко друштво од пиринскиот дел на Македонија.

Т. К.