Со настап на светски познатите диџеи Nicky Romero & Lost Frequencies, на СРЦ „Билјанини извори“, вечерва, започнува првото издание на фестивалот “Ohrid Calling”, што го организира „Авалон“ продукција“. Оттаму очекуваат фестивалот да го проследат десетици илјади фанови од регионот, но и од Британија, каде владее голем интерес за настапот на легендарните „Продиџи“ на 14 август. Ден претходно во рамки на “Ohrid Calling” на Антички театар ќе нмастапи извонредниот гитарист Ал ди Меола.

-На огромно задоволство после Загреб, Белград и Скопје го отвараме фестивалот “Ohrid Calling”. Да го сакаме, негуваме, помагаме и развиваме со што Охрид ќе покаже дека има услови да организира еден ваков голем фестивал. На балканот го имаме „Егзит“ кој направи чудо во светски рамки, а ја нема оваа убавина и овој простор, но тоа е доказ дека концертниот туризам во светот зема се поголм замав, имаме прекрасни услови за работа, но и контакти низ светот и мислам дека овој фестивал уште долго ќе се одржува. Имаме листа на имиња за сечиј вкус, за што најдобра потврда е одличната продажба на карти не само во Македонија, туку и во Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Грција, а за Продиџи се најавуваат и големи тури од Англија. – истакна во најавата на фестивалот Денис Илиоски од „Авалон“ продукција. 

Од локалната самоуправа истакнаа дека фестивалот “Ohrid Calling“ во иднина ќе стане препознатлив белег на Охрид, што ќе има значајна улога во туристичката понуда на Охрид, односно во развој на таканаречениот концертен туризам кој станува се поактуелен во светот.

OhridNews