Од денес до 17-ти ноември 2024 година, во охридската Касарна ќе се одржи Фестивал на волонтерски АКТ во реализација на колектив АРХРИД.

По нeколку точки на препреки и адаптации, конечно неколку инцијативи преминаа во проект, а до јавноста проектот го доближуваме со концепт на фестивал, со идеја дека периодичноста ќе се повтори и ќе прерасне во декадна историја, порачуваат организаторите.

Фестивалот ќе трае три дена, а организаторите ветуваат 9 чина драма на волонтерски дух.

Ќе се активираме, ќе креираме и трансформираме. Локацијата е во Касарна, додаваат од колектив АРХРИД.

OhridNews