Охрид денеска и утре по петти пат ќе биде домаќин Фестивалoт на вино и сирење, што заеднички го организираат здруженијата на одгледувачи на овци од западниот дел на Македонија и Дебрца.

На оваа оригинална дегустаторско-продажна манифестација свои производи ќе изложат 20-тина мали производители на вино и сирење чија препознатливост е високиот квалитет и пристапните цени, велат организаторите.

Фестивалот на сирење, кој годинава е поддржан од локалната самоуправа ќе се одржи на плоштадот кај Чинарот. Според организаторите, овој фестивал ги има сите предуслови да прерасне во своевиден мини-саем во наредните години. Оптимизмот го темелат на успешноста на последниот фестивал, кога за два дена беше остварен промет од околу 20 илјади американски долари.

Ohridnews